Бутел се поднови со десен бек – потпиша Кристијан Давитковски

По Денис Тот, Градимир Чаневски и Саша Пулјизовиќ, Бутел Скопје го донесе и четвртото засилување за следната сезона.

Станува збор за Кристијан Давитковски, кој има 25 години (188/95) и настапува на десната бековска позиција. Давитковски ја започна кариерата во Металург, а потоа беше дел од Вардар, Борец и Пролет, од каде што доаѓа во Бутел.

„Решив да ја прифатам понудата на Бутел Скопје затоа што станува збор за амбициозен, перспективен клуб, со големи амбиции за играње во Европа следната сезона. Сметам дека можам да помогнам во остварувањето на тие амбиции. Поголемиот дел од играчите со кои ќе настапувам во Бутел Скопје ги знам и имам играно со нив во различни клубови, па нема да ми тешко да се адаптирам. Знам дека има одлична хемија и другарство во клубот“, вели Давитковски.

Договорите со Бутел Скопје претходно ги продолжија Бојан Блажески, Јовица Младеновски, Владимир Јевтиќ, Димитар Ѓоргиевски, Мирко Мајиќ и Томче Стојановски.