Бутел се држеше, ама не издржа против Алкалоид

Бутел може да жали што не освои барем бод во градското дерби против Алкaлоид, што го добија „сините“ со 21-19 со што се зацврстија на второто место на табелата во Група А. Бутел во голем дел од средбата имаше и водство, но попушти во вториот дел.

Првпат сезонава Алкалоид на полувреме немаше водство, туку реми што беше најава за интересен меч. Откако во 15 минута Бутел преку Кристија Давитковски првпат поведе на средбата, 6-5 до крај на полувреме Бутел имаше позитива па и водство од „плус 2“. Можат да жалат гостите што не направија и повисоко водство на средбата. Иако четирипати имаше играч помалку на средбата Бутел сепак занеше како да се справи со нападот на Алкалоид.

Речиси сите акции беа блокирани, и ретко поминуваа топките до пивотмените и крилата. Прочитана беше изграта на селекторот Кирил Лазаров кој во 17 минута мораше да бара тајм ауат откако гостите поведоа со 7-5.
Бутел го имаше и расположениот голман Бојан Блажевски кој имаше три одбранети седмерци во првото полувреме и плус уште три топки. На спротивната страна Благојче Трајковски првиот дел го заврши со шест успешни одбрани.

Алкалоид тргна силно и во 6 минута веќе имаше позитива од 4-1. Во прилог им одеше и тоа што гостите играа без Мирко Мајиќ и Томче Стојановски. Стартот наликуваше дека „сините“ лесно ќе се справат со гостите од Бутел. Но, во следната минута Бутел брзо намали на 4-3 и следуваше првиот одбранет пенал на Блажевски. Во 12. минута Филип Николов од пенал првпта го израмни резултатот на 5-5. Потоа се се смени на теренот и Бутел ја презеде иницијативата.

Во второто полувреме работите се свртеа, па од 34 минута веќе Алкалоид го имаше водствот, а во 40 минута преку Мартин Серафимов поведоа со 14-12. Сега Алклоидиграше добро во одбрана, а нападот на Бутел немаше трпение да изработи добро акција до крај туку од неизградена ситуација шутираа. И голманот Благојче Трајковски одбрани две топки и резултатот лесно се сврте.

Од првите осум гола на Алкалоид во второто полувреме, пет беа дело на Мартин Серафимов кој ја одржуваше таа предност на домаќините, иако два од нив беа од пенал.
По петте реализирани пенали на Филип Иванов, во 47 минута неговиот шести обид го одбрани Иван Галевски, а во следниот напад Александар Петковски зголеми на 18-15. Трите гола предност брзо се стопија, и за една минута Бутел пак намали на 18-17, по што Кирил Лазаров беше приморан да бара нов тајм аут.

Десет минути траеше постот на двете екипи пред Кристијан Симоновски д ареализира за 20-17 и да го најави триумфот на Алкалоид. А претходно многу промашени шанси на двете страни. Бутел имаше можност во 59 минута да намали на еден гол негатива, но силниот удар на Јовица Младеновски заврши во стативата.
До крајот двета екипи погодија, но остана „плус 2“ за Алкалоид, за триумф 21-19.

Кај домаќините Мартин Серафимов постигна седум гола, а четири даде Александар Петковски. Голманот Благојче Трајковски одбрани 10 топки, а Иван Галевски едне седмерец.
Филип Николов со 6 гола беше најпрецизен кај Бутел, од што пет гола постигна од пенал. По три гола постигнаа Димитар Георгиевски и Владимир Јефтиќ. Голманот на Бутел, Бојан Блажевски имаше седум одбраети топки и плус три седмерци.