Бутел го доби градското дерби со Пролет

Бутел пред домашни навивачи во Скопје го совлада Пролет со 23-16 (8-7) во борба за избегнување на последното место од плеј-оф фазата во машката Суперлига. Во натпревар полн технички грешки, избрзани и промашени удари, Бутел подобро се снајде во мешаницата на теренот и на крај победи со 23-16.

Бутел има поквалитетно отворање и направи предност од 3-0. Пролет првиот гол на натпреварот го постигна во 9. минута, но тој гол означи период во кој гостите ја намалија разликата па дури и имаа неколку шанси за изедначување во средина на првиот дел. Избрзани удари од неизградени позиции, лоши проигрувања, па и голманот на Бутел Блажевски беа клучни за продолжение на натпреварот. До 19. минута Бутел најчесто преку брзи голови дојде на највисоки „плус четири“, разликата се одржување до 23. минута. Финишот на натпреварот му припадна на гостинскиот тим, намали дел од високата разлика и на пауза замина со негатива од еден гол, 7-8.

На стартот на вториот дел Бутел постигна гол и минимално го зголеми капиталот од првото полувреме. Во неефикасен период дури во 9. минута Мајиќ од пенал им донесе на бутелци „плус три“.Слично како по нотите на првото полувреме Пролет возврати со своја низа од 2 гола. Иако гостите ја имаа поддршката од голманот Петковски, не успеаа да создадат шанса за израмнување на резултатот. Напротив на средина на вториот дел, Бутел ја врати највисоката предност од четири голови(17-13 Мајиќ, 16′).

Бутел во последните 10 минути влезе со висока разлика од пет гола (19-14), која до 57. минута се искачи на „плус седум“ (22-15 Манасков). Кога веќе беше познат победникот на овој дуел, а тренерот на Пролет се одлучи шанса да им даде на најмладите, Пролет преку Крстески запиша уште еден гол, а Мајиќ стави точка на дуелот за конечни 23-16.

Кај Бутел, Мајиќ ја предводеше листата стрелци со 7 голови пред Јефтиќ и Манасков кои постигнаа по 4, а голманот Блажески имаше 19 одбрани. Во редовите на Пролет Тотиќ, Димов и Андоновски постигнаа по 3 погодоци.