Брестовац: Сакам Лазаров да игра постојано, но мора да бидеме реални дека има 40 години!

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров не настапи на ниту еден пријателски натпревар пред Европското првенство, но тој е подготвен да даде максимум. Селекторот Брестовац во изјава за 24Ракомет откри зошто одморал Лазаров.

„Јас искрено би сакал Лазаров да игра постојано, да игра 60 минути на натпревар. Но, да бидеме реални, Кире е во поодминати години и сепак природата си го чини своето. А, ние мора да го почитуваме тоа. Затоа неопходно е и јас како селектор да ги почитувам размислувањата на Лазаров. Факт е дека ние сме 60-70% подобри со Кире во тимот, но има 40 години и ние тоа мора да го почитуваме“, изјави Брестовац.

Првиот натпревар Македонија го игра утре со Украина, а ќе започне во 20:30 часот во „Штадхале Арена“.