Брестовац: Резултатот не е реален!

Македонија загуби од Словенија со 31-21 во првиот дуел од главната рунда на Мундијалот во Египет.

Селекторот Данило Брестовац вели дека конечниот резултат не е реална слика за тоа што се одвиваше на теренот.

„Игравме многу добро во првото полувреме, но направиме премногу технички грешки по паузата. Мислам дека конечниот резултат не ја отсликува разликата меѓу двете селекции, заслуживме да загубиме со помала разлика“, вели Брестовац.

За Македонија сега следува ден одмор, а потоа двобој со репрезентацијата на Русија.