Брестовац на 30 декември ќе соопшти кои ракометари ќе одат на ЕП!

Машката сениорска репрезентација на Македонија се наоѓа во фаза на подготовки за настапот ан Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

По одиграните две пријателски средби против селекцијата на Кувајт, на која имаа делумен успех, избраниците на селекторот Данило Брестовац денеска отпатуваа за Букурешт, каде ги чекаат уште два натпревари против Алжир и Романија или Холандија.

Дел од ракометарите на поширокиот список имаат уште две шанси да го убедат селекторот дека заслужуваат да патуваат на ЕП, а тој ќе ги соопшти патниците на 30 декември, за кога Ракометната федерација на Македонија закажа прес конференција.

Дали тој ќе носи 16, 17 или 18 играчи во Виена, дали ќе оди со едно лево крило, а со тројца голмани и слични детали, ќе дознаеме на 30 декември.