Бојаниќ: Да одиграме најдобро што можеме и да ги освоиме првите бодови

Ракометарите на Охрид загубија во првото коло во суперлигашката конкуренција од Бутел Скопје, па рехабилитација за поразот ќе бараат на домашен терен.

Ривал на избраниците на Горан Андоновски ќе им биде тимот на Прилеп, кој исто така забележа пораз во првото коло.

Кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ, кој се покажа како одлично засилување за охриѓани, посакува триумф за рехабилитација по почетниот пораз.

„Натпреварот со Прилеп за нас е многу важен, да дојдеме до првите бодови. Да излеземе и да одиграме најдобро што можеме, да се кренеме после тешкиот пораз од Бутел. Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број, да не поддржат и да ни бидат ветар во грб“, вели Бојаниќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Прилеп се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:30 часот.