Босански арбитри за последниот европски натпревар годинава на битолчани

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на Европа.

Тимот на Еурофарм Пелистер ќе се соочи со португалскиот Спортинг Лисабон, а овој дуел ќе го судат босански арбитри.

Станува збор за Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ, додека делегат ќе биде Леополд Калин од Словенија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе се игра на 7 декември во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.