„Борис Трајковски“ станува центар за вакцинација, ракометарките се селат во друга сала!

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ станува центар за вакцинација против Ковид-19 во следниот период.

Според најавите од Министерството за здравство и Министерот Венко Филипче, од среда токму во овој спортски центар ќе се врши вакцинацијата против коронавирусот, па планираните спортски натпревари ќе се играат на друга локација.

Женската сениорска репрезентација треба да ја пречека Романија во рамките на баражот за СП во Шпанија, а тој дуел ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 21 април.

Веројатно ист ќе биде случајот и со натпреварот на машката репрезентација од квалификациите за ЕП против Швајцарија, кој е закажан за 2 мај.