Бомбач со признание: Мајка ми ме избрка од дома оти сакав да се посветам на ракомет, а не на учење…

Плејмејкерот Деан Бомбач е лидерот на словенечката репрезентација на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Тимот на Љубомир Врањеш, кој е само на чекор до полуфинале, славеше на сите четири меча досега, а утре ја чека нов предизвик – Унгарија.

Бомбач за словенечките медиуми откри интересна сторија од неговото детство.

„Моите родители ме тераа да тренирам некој спорт уште од мали нозе. Прво се одлучив за фудбалот, но неколку месеци подоцна, започнав да се запознавам со ракометот. Ризикот кој го презедов на млади години беше голем. Се сеќавам на денот кога запалив лустер. Се качив на креветот и го запалив лустерот кој беше направен од платно. Мајка ми за малку ќе ме обесеше. Беше премногу строга. Татко ми беше посмирен, но никогаш не кренаа рака на мене и на сестра ми. Правев премногу глупости. Ѕвонев на ѕвончиња и потоа бегав. Неколку пати повикував и полиција, демек има проблеми, а потоа бегав. Се сеќавам дека еден ден на мајка ми ѝ кажав дека ќе го напуштам училиштето за да се посветам на ракометот, бидејќи сакав да бидам како мојот идол Ивано Балиќ. Тоа беа тешки моменти, таа ме избрка од дома. Живеев некое време кај баба ми и дедо ми, што на крај испадна добра одлука. По две недели мајка ми ми се извини и ми рече да се вратам дома“, изјави Бомбач.

Плејмејкерот повторно ќе може да ги покаже своите способности за асистенции и голови веќе на утрешниот дуел против Унгарија, на кој доколку слави Словенија, ќе биде сигурно во полуфиналето.