Божовиќ: Во нашата група секој може да победи секого…

Црна Гора на Европското првенство во групната фаза ќе игра против Србија, Хрватска и Белорусија, а левиот бек Милош Божовиќ ги коментираше противниците. Црногорците имаа многу добри изданија во квалификациите и сигурно ќе бидат тежок противник за секого.

„Во нашата група има три многу сериозни тимови. Мислам дека секој може да победи секого, многу ќе зависи од распоредот. Хрватите секогаш се борат за медали, секогаш се стремат кон врвот. Тие се силни на сите позиции, фантастична одбрана и одличен напад. И Србите се силни, но тие се помлади и помалку искусни. Во нивниот тим гледам возбуда и незадоволство. Со нетрпение ги очекувам одличните натпревари во нашата група“, коментираше Божовиќ.

Црна Гора прелиминарната фаза ја започнува сигурно со најсилниот противник Хрватска, но сигурно ќе бидат многу мотивирани да направат изненадување на стартото на првенството.