Богата понуда од Спартак Москва за Павел Атман!

Рускиот репрезентативец Павел Атман по само една сезона би можел да си замине од европскиот шампион Вардар. Иако средниот бек дојде како големо засилување и потпиша договор на две години, многу веројатно нема да го одработи до крај.

Познато е дека Вардар и сезонава има финансиски проблеми, можеби многу поголеми од тие во ланската која беше и шампионска, па сите ракометари, без разлика дали се под договор или не, се на мета на многу клубови.

Како што дознава 24Ракомет, Спартак Москва веќе има доставено богата понуда до Атман. Плејмејкерот има уште една година договор со Вардар, но и покрај тоа може без поголеми проблеми да се пресели во руската престолнина.

За рускиот претставник во СЕХА лигата, парите не се проблем, па во текот на вчерашниот ден ги откупија договорите на двајца играчи на Мотор Запорожје, Денер Јанима и Станислав Жуков.

Доколку потпише за Спартак Москва, тоа би било враќање за Атман по десет години. Претходно беше член на матичниот Каустик Волгоград.

Сигурно е дека од Вардар заминуваат Шишкарев и Кристопанс во Веспрем, односно ПСЖ, а како ќе се развива ситуацијата со другите ракометари, останува да видиме во следниот период.