Битолчани завршија со подготовките во Маврово, следува тест со Металург

Со утринскиот тренинг во Маврово, ракометарите на Еурофарм Пелистер ја завршија втората фаза од подготовките која траеше од минатата сабота до денешниот ден.

Со неколку тренинг сесии и еден контролен натпревар (победа против Еурофарм Пелистер 2 од 30-22), екипата на Жељко Бабиќ го одработи зацртаното.

Ракометарите добија слободен период до вторник наутро, кога со двојна тренинг сесија ќе им се вратат на обрвските.

Следниот контролен натпревар е предвиден за седми август, кога во Маврово, Еурофарм Пелистер ќе спарингува со Металург.

Екипата тренираше комплетна, со исклучок на Марио Танкоски, кој ќе се приклучи во втората недела од август. Првиот официјален натпревар Еурофарм Пелистер ќе го одигра на 11 август во СЦ „Борис Трајковски“ против Вардар за Суперкуп титулата.