Битките за титула и за Европа во исто време – еве кога ќе играат вардарци и пелистерци

По паузата во Супер лигата поради Куп натпреварувањето, викендов продолжуваат возбудувањата во македонската елита. Во сабота и недела ќе се одиграат натпреварите од претпоследното коло во плеј-оф/аут фазата во Супер лигата.

Вардар и Еурофарм Пелистер, односно Тиквеш и Охрид, последните две средби од суперлигашкиот плеј-оф ќе ги играат во исто време, со оглед на нивното значење во борбата за титулата, односно место во Европа.

Екипата на Еурофарм Пелистер, која е пред промоција за нов шампион на Македонија, ја очекува гостување во Охрид. Избраниците на Александар Јовиќ ќе треба да го дадат максимумот и да не дозволат кикс, со кој би ги закомплицирале работите за првата позиција.

Незгодно гостување во Кавадарци ќе има освојувачот на Куп трофејот, тимот на Вардар. На овој дуел се очекува ракометарите на Тиквеш да имаат голема поддршка во спортската сала „Јасмин“ и сигурно ќе сакаат да се надигруваат против „црвено-црните“, но и да се обидат да освојат барем бод во трката за излез во Европа.

Вториот тим на Еурофарм Пелистер ќе гостува во Автокоманда кај Алкалоид. За младите ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 овој натпревар нема резултатско значење, бидејќи уште од поодамна ги загубија шансите за пласман меѓу најдобрите четири екипи, но со победа над Алкалоид би се бореле за подобар пласман.

Пролет и Бутел Скопје во спортската сала „Македонско Сонце“ ќе имаат градска пресметка, во натпревар без резултатско значење. Двете екипи не се во игра за 4. позиција на табелата, па така овој дуел ќе биде шанса да го подобрат бодовното салдо.

Суперлига, 13. коло, плеј-оф, распоред:

20/05, 19:00 Алкалоид – Еурофарм Пелистер
20/05, 20:00 Тиквеш – Вардар
20/05, 20:00 Охрид – Еурофарм Пелистер
21/05, 19:00 Пролет – Бутел Скопје

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090

Во плеј-аут групата сосема е јасно дека Радовиш е новиот прволигаш, но голема непознаница е кој тим ќе му прави друштво кај прволигашите. Во опасната зона за испаѓање моментално се наоѓаат Јуниор КВ и Вардар Неготино. Опстанок од плеј-аут групата обезбедија Голден Арт, Струга и Куманово, додека на Прилеп и Скопје им треба уште еден бод за сигурен опстанок во суперлигашкото друштво.

Суперлига, 13. коло, плеј-аут, распоред:

20/05, 16:00 Радовиш – Струга
20/05, 18:30 Јуниор КВ – Вардар Неготино
20/05, 19:00 Голден Арт – Скопје
21/05, 18:00 Куманово – Прилеп

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092