Битигхајм го освои Супер купот во Германија

Ракометарките на Битигхајм со убедлив триумф над Борусија Дортмунд од 31:21, го освоија Супер купот на Германија за оваа сезона.

Екипата на Борусија Дортмунд покажа силен отпор во првиот дел, но нивниот противник беше поуспешен во нападите. По 30 минути игра, Битигхајм замина на полувреме со предност од три гола разлика, 16:13.

Во вториот дел целосно се распадна играта на ракометарките на Борусија Дортмунд кои не можеа резултатски да се вратат во игра и мораа да му честитат на подобриот противник.

Двете екипи повторно ќе се сретнат и ќе ги одмерат силите, овој пат во настапите од Бундес лигата, како и во домашниот национален куп.