Бенфика го комплетира ростерот, потпиша и Врањеш

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцговина, Владимир Врањеш, потпиша за португалската Бенфика, тим што минатата сезона ја освои титулата во Лигата на Европа.

Врањеш ја зголеми конкуренцијата на пикерската позиција и ќе биде замена за екс вардарецот Рожерио Мораеш кој замина во Мелсунген. Врањеш за место би се борел со Алексис Боргес и Пауло Морено.

Актуелниот договор на Врањеш со Мешков Брест беше до 2024 година, но поради ситуацијата во тој регион, како и санкциите на ЕХФ за клубовите од Белорусија, клубот не правеше проблем за раскин на договорот.

Бенфика претходно ги договори и средните бекови Адам Јухас и Андер Искиердо, а се очекува промоција и на левото крило Арно Бинго.