Балиќ: Тоа на ЕП не беше човечки – го чекавме утрото да видиме на кого ќе му забранат да игра

Селекцијата на Хрватска ја стартуваше последната фаза од подготовките за настап на СП во Полска и Шведска.

Како дел од тие подготовки ќе биде и натпреварот против Македонија во рамките на Хеп Кроација купот кој од 6 до 8 јануари ќе се одигра во Пореч.

Легендата на хрватскиот ракомет Ивано Балиќ кој сега ја има функцијата помошник на селекторот Хорват, се надева дека на ова СП ќе биде избегнат хоророт од претходното ЕП во Унгарија и Словачка.

„Тоа што се случуваше во Унгарија не е за луѓе. Сите го чекавме утрото да видиме дали ќе има нови позитивни на Ковид и на кого ќе му биде забрането да настапи. Се надевам дека на ова СП ќе биде поопуштено и дека ќе можеме да се фокусираме на ракомет.Тогаш се би требало да биде подобро отколку што беше во Унгарија“, изјави Балиќ за 24Сата.

Хрватска е во група со Египет, САД и Мароко и ќе игра во шведскиот град Јончепинг.