Балиќ не е веќе дел од стручниот штаб на Хрватска, Перковац ангажираше нови асистенти

Новиот селектор на машката сениорската репрезентација на Хрватска, Горан Перковац, кој ја презеде селекторската функција, откако довчерашниот стратег на „коцкестите“ Хрвоје Хорват доби отказ, чекор по чекор го составува новиот список на играчи за претстојните квалификациски натпревари против Холандија за пласман на Европското првенство 2024.

Хрватска за пласман на континенталниот собир во Германија освен со Холандија ќе игра и против репрезентациите на Белгија и Грција. Токму против овие две репрезентации, селекцијата на Хрватска на првите квалификациските дуели оствари позитивен резултат, но тогаш беше предводена од тогашниот селектор Хрвоје Хорват.

Освен играчкиот кадар, новиот стратег на Хрватска го составува и својот стручен штаб, во кој повеќе нема да биде ниту легендарниот Ивано Балиќ. Според хрватскиот “Вечерњи лист“, нов тренер на голманите ќе биде Валтер Матошевиќ, моментално тренер на Рудар Лабин. Матошевиќ и Перковац долго време играа заедно во репрезентацијата на Хрватска, освоија европска бронза, светско сребро и олимписко злато.

Искусниот тренер на голманите беше дел од стручниот штаб на Хрватска на Европското првенство во 2014 и 2016 година, Мундијалот во 2015 година, кој беше одржан во Катар, како и на Олимписките игри во Бразил.

Асистен на Перковац ќе Борис Дворшек, кој оваа функција ја извршуваше во женската репрезентација од 2010 до 2012 година. Дворшек моментално работи како тренер во Доха.