Бабиќ: Во СЕХА играме против тим со буџет од 6 милиони евра…

На помалку од еден месец до почеток на новата сезона, тимовите од Македонија прво во СЕХА лигата ќе треба да одработат дуели од минатата сезона и тоа од четврт-финалето.

Како што е познато Вардар игра против тимот на ППД Загреб, додека Еурофарм Пелистер за противник го има Мешков Брест.

„Секој нека процени. За Ф4 во СЕХА треба да играме против тим кој има буџет од шест милиони евра. Не велам дека тоа не може да се направи и дека не сакаме. Но, треба да се биде свесен на рамките и на позициите каде сме. Некои одредени натпревари се нерамноправни и како такви некогаш се непобедливи. Еурофарм Пелистер е на одличен пат и да се гледа само на еден резултат низ признма на успех или неуспех е деструктивно. Тоа го уништува процесот на клубот“, рече тренерот Бабиќ во интервјуто за 24 Ракомет ТВ.

Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.

Бабиќ за 24Ракомет ТВ: Важно е да се презентираме добро во Европа – тоа носи играчи (ВИДЕО)