Ацо Пејовиќ ги „пресели“ ракометарите во Автокоманда

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва го имаше првиот собир пред бараж двомечот со селекцијата на Чешка за пласман на Мундијалот.

Поради концертот на српскиот пејач Ацо Пејовиќ што ќе се случи во СЦ „Борис Трајковски“, ракометарите ќе тренираат во Автокоманда вечерва и утре наутро.

Играчите од домашните клубови ќе бидат од денеска на подготовки, додека Миркуловски, Митревски, Кузмановски и Пешевски ќе бидат на тренингот во понеделник во СЦ „Борис Трајковски“.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Чешка се игра во Злин на 13 април, додека реваншот е во Скопје на 17 април.