Атмосферата се вжештува: Чешка ја очекува пекол во Штадхале (ВИДЕО)

Пред натпреварот против Чешка кој почнува од 16 часот во Штадхале во Виена атмосферата е до точка на вриење. Максимално е жешко меѓу фановите кои се подготвени за големо бодрење од трибините денеска.

Виена е обоена во „црвено-жолто“ и насекаде се слуша македонска песна така што е јасно дека ќе врие на трибините за време на средбата.

Чешка ја очекува пекол на овој натпревар, а на ракометарите останува да го покажат најдоброто и денеска да си обезбедат втор круг.

Како изгледа низ улиците на Виена пред натпреварот можете да погледнете во видеото во продолжение.