Арбитри од БиХ, делегат од Црна Гора за Вардар-Мешков Брест

Со почеток во 18:45 часот денеска екипите на Вардар и Мешков Брест го играат последниот дуел од Групата А во Лигата на шампионите кога ќе биде познато како ќе финишира сезоната и кој против кого ќе игра во осминафиналето.

Вардарци ќе се соочат со противник кој им е добро познат бидејќи имаат многупати играно со истиот ривал. Оттаму ова ќе биде интересна средба.

На теренот ќе бидат судии од БиХ, а се работи за браќата Анте и Дино Коњичанин. Покрај нив меѓу официјалните лица е и делегатот од Црна Гора, Предраг Павичевиќ.