Охрид беше аутсајдер на дуелот со Вардар, па иако гостите загубија во текот на целиот меч има аисто темпо, без предавање и откажување. „црвено-црните“ триумфираа со 32-27, ама тренерот на Охрид, Горан Андоновски смета дека неговиот тим сезонава на секој меч се надигрува, покажува дека сака да игра и не се предава.
Така беше и против Вардар, иако актуелниот првак постојано имаше предност од неколку голови. Но, домашниот тим во повеќе од 2/3 од натпреварот беше со првиот тим на паркетот. Тоа за Андоновски е знак дека и Вардар го респектирал Охрид.
„Играме ракомет, се надигруваме. Така е против секого и секаде. Задоволен сум како играме цела полусезона, па и од денешниот меч со Вардар. Тие играа со првиот тим 50 минути. Намалена ни е ротацијата. Го немаме Ончев, но се снаоѓаме некако. Никој досега во првенството не не надигра, па дури ниту Вардар денеска. Тие заслужено победија, ама ние игравме цело време и не се предававме, вели Горан Андоновски, тренерот на Вардар.
Охрид сега е на делба на третото место, заедно со Бутел, но скопјани имаат меч помалку. До крајот остануваат уште две кола, а за Андоновски се уште постои опција да бидат третопласирани и да пренесат бод во плејофот.
„Се уште сме во игра за тоа трето место. Ќе треба да победиме ние, но и да чекаме некои резултати. Тоа останува какоопција. Мораме да најдеме замена за Ончев. Сакаме да имаме макаоенски играчи, можеби и ќе ангажираме некој таков играч“, вели Андоновски.
Во следното коло Охрид е домаќин на Струга во „езерското дерби“, а во последното коло гостуваат во Неготино кај Вардар.
Недановски: Сите екипи ги респектираме, но целта ни е да завршиме без пораз