Аморим: Сега сум во Македонија со сопругот, можеби во иднина ќе се преселиме во Бразил

Едуарда Аморим, поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров која денес настапува за Ростов Дон од Русија по завршувањето на Олимпијадата во Токио објави крај на репрезентативната кариера.

Аморим во разговор за официјалната страница на Ракометната федерација на Бразил зборуваше за новата ситуација во која се наоѓа.

„Гледањето на Мундијал од дома за мене ќе биде ново чувство. Сепак, решив дека нема смисла да започнам нов олимписки циклус кој не би го завршила. Сега е време тимот да расте. Репрезентацијата треба добро да се претстави на Мундијалот, одговорноста ја преземаа нови играчи“.

За во иднина би сакала биде дел од репрезентацијата, но не се гледа себе како тренер.

„Би сакал да бидам во стручнипт штаб, но не се гледам себе како тренер. Можам да помогнам како консултант. Важно е да се биде со тимот за време на натпреварувањето да се споделат искуства. Верувам дека ќе можам да пренесам на девојките се што знам“, изјави Аморим.

Дефинитивни планови за по завршувањето на кариерата се уште нема. Во овој момент поради ситуацијата во Украина таа со својот сопруг е во Македонија.

„Немам ништо дефинитивно. Пред да се одлучам во кој правец ќе одам сакам да се одморам. Засега морам да бидам во Македонија со мојот сопруг. Можеби ќе се преселиме во Бразил ако има интересна можност. Но, засега не планирам многу да патувам“, истакна Аморим.

Аморим пред неколку дена присуствуваше и на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ каде што женската репрезентација на Македонија играше против Словенија во рамки од ЕХФ Купот.