Амброс купува од екс клубот: Јана Кнедликова се сели во Ростов Дон

Рускиот шампион Ростов Дон во новата сезона веројатно ќе биде посилен за една ракометарка што во моментов настапува за европскиот шампион Ѓер. По Грас Заади, средниот бек на Мец, која на лето доаѓа во Ростов, и десното крило Јана Кнедликова од унгарскиот тим би требало да се пресели во Русија.

Во Ѓер доаѓа Викторија Лукач од ФТЦ, а таму е веќе Доротеја Фалувеги, па три десна крила би биле премногу во составот на Габор Дани. Кнедликова има 30 години, потекнува од Славија Прага, а покрај Ѓер каде ја игра петтата сезона, настапуваше и за унгарскиот Мошонмаѓаровар.

Во Ростов Дон ќе формира дуо со Јулија Манагарова, бидејќи второто десно крило Марина Судакова планира крај на кариерата на лето. Чешката репрезентативка во рускиот тим повторно ќе соработува со Амброш Мартин, кој и беше тренер три сезони во Ѓер.