Алушовски од шампионски Вардар во второлигаш на Исланд

Тренерот кој го предводеше Вардар во последните сезона и пол, а во минатата сезона дојде до двојната круна, Стевче Алушовски има нов ангажман. Според медиумите во Исланд, тој ја продолжува кариерата на Исланд каде што ќе го предводи тимот на Акурејри.

Оваа екипа имаше тешка сезона и испадна од најсилната лига откако го освои претпоследното 11. место. Клубот бараше тренер кој ќе донесе новитет и ќе ја врати екипата назад во прволигашкото друштво, а Алушовски беше најдоброто решение.

Во Алушовски тимот од Акурејри најде стратег со кого ќе се обиде да се врати на победничките патеки и да се најде во битка за горниот дел од табелата така што ќе биде пред голем предизвик.

„Добивме голем професионалец во нашиот клуб. Стевче Алушовски е многу почитуван во својата татковина. Со него добиваме квалитетен тренер со кој имаме иднина во ракометот. Ние како клуб одлучивме дека сега е вистинско време за рестартирање на клубот. Го ангажиравме Алушовски за едноставно да можеме да почнеме од почеток. Разговаравме со неколку тренинзи, но на крајот добивме одлична можност и не смеевме да ја испуштиме оваа шанса со Алушовски“, вели Ерни Ринар Јохансон.

Ова ќе биде прв интернационален предизвик за Алушовски како тренер така што му претстои интересна сезона во која ќе треба да покаже дека може со успех да го води тимот на Акурејри од Исланд. Овој клуб има две титули во најсилната лига, а последната е освоена во 2002 година.

Алушовски го презеде водењето на Еурофарм Пелистер во 2017 година, а две години подоцна седна на клупата на Вардар. Тимот на Акурејри ќе биде третиот сениорски состав кој ќе го предводи во кариерата.