Алонсо очекува радост против Барселона: Можеби ќе и подариме радост на целата земја

Екипата на Мешков Брест се наоѓа пред голем предизвик во Лигата на шампионите бидејќи ќе се соочи со тимот на Барселона на четврт-финалните пресметки.

Следува интересен двобој, но тој ќе биде дури во мај откако претходно ќе се одиграат квалификациските средби за Европското првенство во јануари.

„Барселона е еден од најдобрите состави во светот. Сезонава честопати сме играле со клубови на тоа високо ниво и бевме конкурентни. Се разбира, ова е посебен момент за мене. Натпреварите ќе дојдат после враќањето на ракометарите од средбите за националните тимови. Знаеме дека на домашент ерен можеме да одиграме добро против секого и ќе дадеме сè од себе. Се надеваме дека ќе можеме да и подариме радост на целата земја и да играме на Ф4 во Келн“, вели Алонсо.

Мешков Брест ќе има дефинитивно тешка задача, а дека Барселона игра најквалитетно сезонава докажуваат и резултатите од групната фаза и од осминафиналето.