Ако станат шампионки, секоја од Норвежанките ќе добие по 13.000 евра!

Норвежаните објавија дека е значително зголемен бонусот за ракометарките на нивната репрезентација доколку дојдат до еден од медалите на Светското првенство во Шпанија.

Со оглед на тоа дека изборија финале, ракометарките на Норвешка ќе бидат богато наградени од својата држава. Ако го освои златниот медал на Мундијалот тогаш секоја норвешка ракометарка од репрезентацијата ќе добие по 13.000 евра.

Со евентуален пораз во финалниот натпревар од Франција, следува утешна награда за освоеното второ место, односно награда од околу 8000 евра за секоја членка од норвешката репрезентација.

Норвешка во полуфиналето беше убедлива против Шпанија со 27:21, а во денешото финале силите ќе ги одмери против Франција. Натпреварот е закажан со почеток од 17:30 часот.