Ако нешто пропуштивте: Како разиграниот Вардар го разнесе Елверум (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар со победа го завршија настапот во групната фаза од најелитното европско натпреварување, откако на домашен терен славеа над Елверум со 39-30.

Овој натпревар за македонскиот првак имаше ревијален карактер, бидејќи од претходно го обезбеди местото во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Најдобрите моменти од мечот Вардар – Елверум спакувани во три минути може да ги погледнете ТУКА, а целиот натпревар може да го погледнете ТУКА.

Следен предизвик за македонскиот шампион ќе биде осминафиналниот двомеч со унгарскиот гигант Веспрем.