„Ако играчите не најдат клубови каде ќе имаат минутажа, црно ни се пишува“

Македонија не ја оствари целта и со една победа и два порази го завршува настапот на ЕП 2020 без пласман во главната фаза. Селекторот Брестовац го лоцира најголемиот проблем во минутажата на играчите.

„Ако играчите не најдат клубови каде што ќе имаат минутажа, не знам во иднина како ќе функционираме. Овде не може да создаваме играчи, ако тоа не се случи. Ако Талески не игра во Балинген, ќе мора да најде ново решение. Оној список што го правиме од 28 играчи, не можеме да го пополниме со квалитетни играчи. Фативме една добра поставка со младите репрезентации, ако вадиме секој циклус по двајца тројца играчи, за четири пет години ќе има солидна репрезентација“, изјави Брестовац.

Следен предизвик за нашата репрезентација ќе биде првиот бараж за Светското превнство во Египет.