Аеродром освои златен бод, го дели уште еден чекор до елитата

Екипата на Аеродром успеа да ја прекине победничката серија на Мулти Есенс, кој обезбеди директен пласман за наредната сезона во македонската елита.

Избраниците на Дарко Петровски освоија голем бод во дуелот со дебитантот во прволигашката конкуренција и веќе се наоѓаат пред пласман во Супер лигата.

Денешниот дуел меѓу Аеродром и Мулти Есенс во рамки од претпоследното коло од прволигашкиот плеј-оф мина во неизвесна борба, а крајниот исход беше нерешен, 27:27.

Аеродром моментално е позициониран на 2. позиција на табелата со 38 бода, додека неговиот главен ривал Драчево има 34 бода и натпревар помалку. Лидерот Мулти Есенс на свое конто има 49 бода.

Ракометарите на Аеродорм во последното коло за ривал ја имаат екипата на Македонија ЃП, и во однос на квалитетот меѓу двете екипи, се очекува новиот потенцијален суперлигаш да ја потврди фаворитската улога и да ги освои планираните бодови.

Драчево во последното коло игра на гостински терен во Автокоманда против Мулти Есенс.