АЕК го зададе првиот удар, поведе со 1:0 против ПАОК на Гигов

Ракометарите на АЕК обезбедија предност во финалната серија против големиот конкурент ПАОК откако славеа убедливо во првиот натпревар на домашен терен со 36:27.

АЕК доминираше во текот на целиот натпревар. ПАОК отвори со 1:0 и тоа беше единственото нивно водство, а на полувреме домашниот тим имаше предност од 19:12.

Вториот дел не донесе ништо ново, АЕК имаше целосна контрола на играта и резултатот. Во 46. минута веќе беше десет разлика, 30:20 и победникот беше решен.

На оваа средба Арсиќ доби предност пред Гигов на голот на ПАОК.

Со овој триумф АЕК се доближи на чекор до титулата. Вториот дуел се игра на теренот на ПАОК, доколку израмнат на 1:1 во серијата на одлучувачкиот дуел повторно АЕК ќе биде домаќин. Серијата се игра прв до две победи.