Австрија му лежи на Лазаров, редовно и го полни голот

Од досегашните меѓусебни пресметки меѓу селекциите на Македонија и на Австрија предноста оди за нашите репрезентативци кои на четирите дуели одиграни од 2012 година досега имаат три победи и само еден пораз во Виена пред осум години.

Сепак, тогаш се работеше за бараж за СП на кој се бранеа пет гола предност од првиот дуел одигран во Скопје.

Затоа, пак, на големите натпреварувања Македонија двапати победувала и може да се пофали со победи за пласман понатаму односно во вториот круг. И во Хернинг и во Доха натпреварот беше од последното коло.

Она што може да се забележи е дека Австрија му лежи на капитенот Кирил Лазаров кој редовно им го полни голот. Па нека биде така и денеска за победа, за пласман во вториот круг и за пренесување на два значајни бода.

ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

9 ЈУНИ 2012 (СКОПЈЕ, БАРАЖ ЗА СП)

МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА        26:21 (16:10)

Лазаров 5, Темелков 5, Алушовски 3 – Сантос 5, Вебер 4, Силаги 3

16 ЈУНИ 2012 (ВИЕНА, БАРАЖ ЗА СП)

АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА        30:27 (13:14)

Шлингер 7, Сантос 5, Божовиќ 4 – Лазаров 8, Мојсовски 7, Алушовски 3

16 ЈАНУАРИ 2014 (ХЕРНИНГ, ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА        22:21 (12:10)

Лазаров 8, Стоилов 4, Ангеловски 3 – Вилчински 7, Шлингер 5, Фолзер 4

23 ЈАНУАРИ 2015 (ДОХА, СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА        36:31 (16:16)

Лазаров 9 – Вебер 8