Женската младинска репрезентација на Македонија на СП во Скопје го доживеа првиот пораз, откако во второто коло од групната фаза загуби убедливо од Исланд со 29:17 (11:11).
На денешниот натпревар на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ имаше едвај 300-400 навивачи, дел од нив беа поддржувачи на ривалот, кои во текот на сите 60 минути ги бодреа своите миленички.
Истата слика беше и пред две години, кога оваа генерација, тогаш како кадетки на СП во Скопје, не доби ни минимална поддршка од ракометните љубители на нашата земја.
Колку и да е сезона на одмори, факт е дека на ракометарките им е потребна поддршка од трибините, односно секогаш е потребен осмиот играч, а тоа е публиката.
Утре Македонија против Ангола ќе се бори за пласман во главната фаза на младинскиот Мундијал.
Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа