📷 Претседателот Стефанов им посака среќа на ракометарите во битките за СП!

Селекторот Кирил Лазаров денеска ја изврши прозивката на ракометарите пред бараж двомечот меѓу Македонија и Словачка за пласман на СП 2027.

Лазаров на списокот има 19 ракометари од четири македонски клубови – Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и тимот од Автокоманда, како и еден интернационалец – Мартин Томовски од германскиот Битигхајм.

На собирот беа присутни и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, како и генералниот секретар на македонската куќа на ракометот, Влатко Тасевски, кои им посакаа среќа на ракометарите пред битките за СП.

Македонија е во поход на десеттиот пласман на СП, односно осми по ред мундијалски настап.

Првиот меч е на програмата на 14 мај од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, додека реваншот ќе биде на 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.