Јубилеј 50 години „Струга 2022“: Се за најдолговечниот и најуникатниот ракометен турнир

Градот на брегот на Охридското Езеро, Струга е местото познато по реката Црн Дрим, македонските преродбеници, Константин и Димитар Миладинови, светски познатите „Струшки вечери на поезијата“, и секако како расадник на ракометни таленти и македонски репрезентативци. Струга е град каде веќе половина век се одржува традицијата на турнир од европски и светски рамки, престижен и единствен што тоа што мечевите се играат на отворено игралиште.

Од 16 до 20 август ќе се одржи 50. издание на традиционалниот Струшки турнир кој го носи името на „Вангел Баљукоски – Баљук“. Традиционално турнирот има меѓународен карактер и годинава ќе учествуваат и два поранешни европски прваци, Вардар и Целје од Словенија. Тие ќе бидат дел од вкупно осумте екипи што ќе се борат за трофејот. Во Струга ќе се појават и домаќинот Струга, повеќекратниот македонски првак Еурофарм Пелистер, Бутел и новиот суперлигаш Алкалоид. Од странските екипи покрај Целје, годинава ќе допатуваат и АЕК Атина и Татран Прешов.

Се тргна како желба да се овековечи името и делото на еден извонреден ракометар, а прерасна во традиција, престиж и препознатлив турниркој веќе 50 години ги собира најпознатите ракометни легенди, ракометни прваци од многу земји, европски прваци, олимписки ѕвезди, клубови и тренери, репрезентации…Традицијата трае и денеска и одново покажува зошто ракометот е „Спорт број 1 “ во Македонија.

Љубителите на ракометот летово ќе може да уживаат во 16 интересни натпревари распоредени во пет дена. Во деновите што следуваат 24Ракомет ќе почне со одборјување до јубилејното издание, и со секојдневни текстови ќе се обиде да ви ги доближи екипите учесници, нивните очекувања од настапот во Струга, како и очекувањата од претстојната сезона.

Ќе дознаете за историјата на турнирот, за сите победници, за ѕвездите кои се појавиле на теренот во Струга, за посебноста на овој македонски турнир кој е дел од календарот на ЕХФ. Интересни детали за поранешните играчи на Струга, за победниците…

Секако уште повеќе информации ќе имаме за време на одржување на турнирот, со посебен осврт на натпреварите и преку голем број на видео прилози, фото галерии и интервјуа.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размилсувања.

Со нетрпение го очекуваме почетокот на турнирот. Дотогаш читајте 24Ракомет…