Јанчев го продолжи договорот со Тиквеш, во Кавадарци доаѓа и Соколов

Кавадаречки Тиквеш го потврди доаѓањето на левиот бек Борче Соколов, кој минатите три сезони настапуваше за состаавот на Охрид.

Практично Соколов се враќа дома бидејќи потекнува од Кавадарци. Тој својата кариера ја почна во тимот на В. В. Тиквеш, а откако овој тим престана да се натпреварува се пресели во Зомимак М од Струмица. Потоа во неговата кариера следуваше тимот на Радовиш, а оттаму премина во Охрид.

Еден од најдобрите стрелци во суперлигашкото друштво, Јане Јанчев, ја продолжи соработката со кавадарчани и во следната сезона ќе ги брани боите на Тиквеш.

Претходно потпиша и десното крило од Голден Арт, Евгениј Темелкоски. Кавадарчани подготовките за новата сезона ги стартуваат во среда, а ќе настапат на турнирите во Струга и Прилеп.