Хрватскиот репрезентативец Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер до јуни 2022 година. На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот решија да ја продолжат соработката и за сезоната 2021/22.
Мандалиниќ се наметна како лидер на екипата и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на битолскиот клуб оваа есен.
Одигра вкупно 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар. 28-годишниот хрватски интернационалец играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2020 година, а претходно ги носеше дресовите на Загреб, Карловац и Сплит.
Со хрватската репрезентација има бронза од Светското првенство во Шпанија во 2013 година.
Тој пролетта се реши за потпис со битолчани, иако имаше понуди од Бундеслигата и од клубови што играат во Лигата на шампионите. Потпиша договор на 1+1, а сега е активирана и втората година од договорот, па Еурофарм Пелистер може помирно да се посвети на освежување на другите позиции во тимот.