Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров ќе стане наследник на спортскиот континуитет и постигнувања, заедно со сите трофеи и пехари на поранешниот европски првак Кометал Ѓорче Петров. Ова го потврди Трифун Костовски, поранешниот спонзор на Кометал ЃП во дебатната емисија „Објектив“ на МТВ. Кометал ЃП долги години веќе не постои на ракометната сцена. Сакајќи да даде поттик на сегашната управа на Ѓорче Петров која со женскиот клуб се бори за титулата во првенството на Македонија, Костовски смета дека тоа е навистина добра одлука.
Веќе се договорени деталите околу предавањето на спортскиот континуитет, за што е запознаена и Ракометната федерација на Македонија. Тоа би требало официјално да биде потпишано во мај кога ќе се слави 20 години од европската титула на Кометал ЖП.
Кометал ЃП во својата клупска историја беше 17. кратен првак на Македонија, 16. кратен победник на домашниот Куп, еднаш беше европски првак, двапти играше плус во финалето на ЛШ, беше победник на многу меѓународни турнири, меѓу кои и Интерконтинентален првак на турнирот одигран во ЈАР на почетокот на 90-те години од минатиот век. Беше клуб репрезентација каде играа 90 отсто, а некогаш и сите репрезентативки на Македонија и во периодот од 1997 до 2008 година постојано настапувавме на ЕП и СП.
„Можам да кажам дека го вознобновивме Ѓорче Петров кој денеска е веќе меѓу најсилните екипи во женската ракометна лига. Верувајте ми сега, бидејќи на 20. мај ќе славиме 20 години од освојувањето на титулата, ние старото раковдство сега на новиот тим ќе му ги пренесеме сите титули на Кометал на Ѓорче Петров како едно наследство на клуб кој веќе има историја на постоење. Сметам дека тоа е еден убав симбол и да се потткине самиот женски ракомет. Женскиот ракомет во времето кога јас бев претседател на федерацијата беше најсилен, бевме меѓу првите 10 светски екипи, денес за жал не нема никаде“, изјави Костовски.
Сегашниот тим на Ѓорче Петров е формиран последнава деценија од страна на Владимир Радиќ, кој долги години беше дел од стручниот штаб на Кометал ЃП. Првично како ракометна школа која треба да создава нови ракометарки, за лани да биде превземен од амбициозна управа од луѓе кои живеат во општината Ѓорче Петров. Нивниот план е возобновување на женскиот ракомет во општината, и за таа цел во август беше организиран и женски турнир што треба да биде традиционален во иднина.
Многу поранешни и актуелни репрезентативки на Македонија беа ангажирани во клубот, каде работат и поранешни ракометари и тренери. Милева Велкова, Ане Велков, Симе Симовски се дел од ЖРК Ѓорче Петров..
Сега екипата на Ѓорче Петров се бори по пауза од 12 години повторно ја ја врати титулата. Моментно е на делба на првото место на табелата.