Трета победа за кавадарчани: Ѓорѓиески и Јанчев го решија Младост

Тимот на Тиквеш ја забележа третата победа оваа сезона во Суперлигата, откако во Кавадарци славеше над Младост Богданци со 32-25. Иако домашниот тим не ја прикажа играта што се очекува од кандидат за плеј-оф, сепак целта на крајот беше остварена.

Избраниците на Томе Петрески отворија со водство од 3-1, но богданчани кои играа без искусниот Роглев, набрзина воспоставија рамнотежа на теренот. Поведоа со 5-6, но потоа имаа неколку грешки во нападот што беа казнети од Тиквеш.

По 8-7, кавадарчани дадоа три гола во серија за 11-7, до крајот на полувремето имаа и водство од плус пет, но Младост намали преку Лупашко од пенал во последните моменти, за 17-13 на пауза.

Упорните богданчани не се откажуваа од пресврт. Најпрво израмнија на 18-18, а потоа стигнаа и до предност, 19-20. Тренерот Томе Петрески се реши за фластер на искусниот Стоилов, па Младост ја изгуби течноста во нападот и Тиквеш се врати на плус три, 22-20.

На седум минути до крајот беше 26-22, а гостите во финишот паднаа и на физички план поради долгата пауза без тренинг, па Тиквеш рутински ја задржа високата предност и оствари победа со 32-25

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симиќ со седум и Јанчев со шест погодоци, а солидна партија имаше и голманот Велков. Кај Младост Богданци се истакнаа Лупашко со осум и Стоилов со седум погодоци.

32 - 25
Конечен резултат

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141732Победа
МЛАДОСТ 19771325Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Мицевголман00
3Душан Медиќцентрален бек15
4Борис Ристовскицентрален бек00
9Орданчо Лазовлево крило23
10Тоше Димитриевпивот00
12Марјан Велковголман00
14Костадин Петровпивот00
15Вања Смиљаниќдесен бек04
16Васо Димитровголман00
17Пеце Ѓорѓиоскипивот07
18Страхиња Симиќцентрален бек05
19Дејан Гошевскидесен бек00
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило02
33Стефан Колоскилев бек00
77Јане Јанчевцентрален бек16
 Вкупно 432

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Саша Михајловиќцентрален бек01
4Димитар Пеевлево крило00
7Илија Диновлево крило05
9Стојан Наумовскилев бек00
12Горан Паунковголман02
15Марко Михајловиќлево крило00
17Иван Стојчевскидесно крило10
18Александар Лупашколев бек18
19Митко Стоиловлев бек07
20Душан Каркалашевцентрален бек00
23Мартин Фидановпивот21
25Илија Чрчев-00
28Горан Лисичковцентрален бек00
32Никола Димитровдесно крило01
23Антонио Николоски-00
 Вкупно 425

Officials

Судии:Делегат:
ЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
КУРТОВИЌ ЦАНО
ПозЕкипаНПРЛБ
1РАБОТНИЧКИ123099
2МЛАДОСТ 19771220106