Црногорската репрезентативка Ѓурѓина Маловиќ, која беше сметана за огромен талент, во новата сезона ќе има нов клуб. Станува збор за полскиот првак Лублин, а Маловиќ таму оди по неуспешните епизоди во Будуќност, Ференцварош и МТК.
Левиот бек на Рајн Некар Левен, Штефан Фет, во новата сезона ќе игра за друг бундеслигаш. Станува збор за тимот на Ерланген, а „лавовите“ на таа позиција веројатно ќе го добијат Лукас Нилсон од Кил.
Естонскиот репрезентативец Мат Патраил заминува од бундеслигашот Хановер, но се уште не е позната новата дестинација на левиот бек.
Хрватката Камила Мицијевиќ потпиша договор на две сезони со францускиот Мец. Левиот бек ќе биде замена за Германката Ксенија Смитс која оди во Битигхајм.
Францускиот лев бек Руди Сери, кој во минатата сезона играше за Бидасоа Ирун, потпиша договор на две години со Сесон Рен и се враќа во татковината.