Тимот на Стружанка, по малку изненадувачки стигна до победа на тешкото изненадување кај фаворизираниот состав на Чаир со 27-32.
На стартот се играше гол за гол, но како одминуваше времето гостинките полека ја преземаа контролата на играта и до крајот на полувремето обезбедија плус четири, 13-17.
Во второто полувреме домаќинките се бореа да се вратат комплетно во игра, но се што успеаја да направат е да намалат на минус три, 22-25.
Тоа беше се од нив, па гостинките од Струга рутинирано стигнаа до голема победа над тимот што тешко губи бодови дома.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Магдалена Делиоска со 11 голови, а исто толку во составот на Чаир даде Анастасија Николовска.