Светските ѕвезди против топките без лепак: Кутрите деца, ова е крај за ракометот…

Голем број на познати ракометни имиња од светот се изјаснија против употребата на новите топки без лепак D60 PRO од јапонскиот бренд Молтен.

За потсетување, Светското првенство за кадетки, на кое Македонија е домаќин, е првото официјално натпреварување организирано од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) на кое се игра со новите топки без лепак.

Репрезентативецот на Франција, Недим Ремили, кој од оваа сезона ќе настапува за полскиот шампион Келце, на социјалните мрежи го сподели своето мислење за новите топки од јапонскиот бренд Молтен, а по објавите за комичните ситуации кои се случија на Светското првенство во Македонија, искусниот ракометар истакна дека ова е крај на ракометот.

,,Кутрите деца, топката е навистина ужасна Ова е крај на ракометот”, напиша Ремили на социјалните мрежи.

Своја реакција имаше и шпанскиот ветеран Антонио Гарсија Робледо, кој со својата репрезентација освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио.

,,Официјално, почнува падот на ракометот”, напиша шпанскиот ветеран.

Ако нема лепак, тогаш има проблеми: Комични ситуации на СП во Македонија (ВИДЕО)