Прва доза имунизација за Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер ги прави последните подготовки во пресрет на следната сезона. Тие периодов го искористија да се вакцинираат и имунизирани да влезат во новата сезона.

По утринскиот тренинг, денес напладне во вакциналниот центар во Битола, во спортската сала „Јован Калаузи“, комплетната екипа на Еурофарм Пелистер изврши имунизација на Ковид-19. Ракометарите и стручниот штаб ја примија првата доза вакцина. Ревакцината е закажана за 24 август.

Клубот во соработка со здравствените власти комплетно ја обезбеди и организираше имунизацијата. По консултацииите со здравствените работници, ракометарите добија слободни денови и в четврток им се враќаат на тренинзите.

Во петок ракометарите на битолскиот тим заминуваат на викенд во Маврово, каде ќе одиграат два контролни натпревари против Еурофарм Пелистер 2  и Металург кои исто така се на подготовки. Во подготвителниот период тренерот Жељко Бабиќ ги има сите ракометари на располагање со исклучок на Марио Танкоски кој заздравува од повредата.