ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Тимот што победува не се менува, против Луксембург се игра за финале

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра полуфиналниот двобој од ЕХФ шампионатот против Луксембург.

Селекторот Раде Стојановиќ за овој дуел смета на истите ракометари што играа и против Летонија.

Надвор од составот одново останаа левото крило Дамјан Субашевски и повредениот десен бек Димитар Узунчев.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург се игра во „Олимписки центар“ во Рига од 15:00 часот, а ќе го судат Босанките Праштало и Балван.