Македонскиот претставник во Лигата на Европа, Охрид, продолжува со склопувањето на играчкиот кадар пред новата сезона.
Нов договор на една сезона потпиша левиот бек Борче Соколов, кој е столбот на одбраната на охриѓани.
Тимот предводен од Раде Стојановиќ најпрво ги задржа тројцата интернационалци – голманот Брауновиќ, средниот бек Кривокапиќ и десниот бек Тот.
Потоа нови договори потпишаа Мартин Манасков, Никола Даниловски, Крсте Андоновски, Иван Тасески и Бобан Блажески.