Нема веќе непоразени: Елверум го шокираше ПИК Сегед во Унгарија

Екипата на Елверум во рамките од 4. коло од Лигата на шампионите во Групата А стигна до својата прва победа откако на гостувањето во Унгарија славеше против ПИК Сегед со 34:30.

Претставникот на Норвешка во Лигата на шампионите одигра одлично прво полувреме. Ракометарите на домашниот состав водеа до 7. минута, а во останиот дел, гостите ја диктираа играта и го имаа резултатот во своја корист.

Во првиот дел, Елверум беше во постојано водство од два до три гола разлика, иако составот на ПИК Сегед секогаш наоѓаше начин да се врати во игра. Пред самиот крај на првото полувреме, ПИК Сегед израмни на 15:15, но ракометарите на Елверум вратија со серија од 4:0 за водство на полувреме од 19:15.

Продолжението не донесе ништо позитивно за ПИК Сегед. Овој тим немаше сили да му се спротистави на расположениот гостин од Норвешка. Предводен од голманот, Имсгард Емил, кој забележа 17 интервенции, Елверум не стравуваше за победата. Во 53. минута предноста на Елверум беше 32:27, а тоа значеше сигурни два бода за гостите.

Најефикасен во победничката екипа беше Тобиас Грондал со девет погодоци. Во екипата на ПИК Сегед, Бенце Банхиди беше прв стрелец со шест гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛБОРГ43016
2КИЛ43016
3ПИК СЕГЕД42115
4МОНПЕЛЈЕ42115
5ВАРДАР 196142115
6ЕЛВЕРУМ41214
7ППД ЗАГРЕБ40131
8МЕШКОВ40040