На 20 дена до Ф4 сменија тренер – Мартин го презема европскиот првак порано од планираното

Екипата на Ѓер остана без главен тренер по прекинот на соработката со Габор Дани, а раководството на клубот мораше да бара алтернативно решение за натпреварот од домашниот шампионат против Дебрецен.

На краток период од само неколку денови, Анита Гербиц седна на тренерската функција, но денес легендарната ракометарка на Унгарија повторно се врати на терените како играч, бидејќи Ѓер ќе го води Мартин Амброс.

Шпанскиот тренер требаше да го преземе унгарскиот тим по завршувањето на сезоната, но беше постигнат договор со раководството на Ѓер да ја води екипата почнувајќи од денеска.

Ѓер нема да биде непознаница за Амброс Мартин. Во периодот од 2012 до 2018, Шпанецот го водеше Ѓер и успеа со екипата да освои три трофеи во Лигата на шампионите. Освен во Ѓер, беше тренер и во Ростов Дон и Ичако. Како селектор ги водеше женските репрезентации на Романија и Русија.