Мишевски: Нексе нема со што да изненади, знаеме што да очекуваме од нив

По триумфот над Војводина, ракометарите на Вардар ги очекува нов натпревар во регионалната СЕХА лига.

Ривал на македонскиот тим ќе биде незгодниот Нексе Нашице, кој славеше на последното гостување во август во Скопје.

Марко Мишевски смета дека Нексе нема со што да изненади во Скопје, иако славеше на претходната пресметка.

„Иако имаат нов тренер, нема многу време за промени кај нив. Тоа е таа игра, ги знаеме доволно добро бидејќи имаме одиграно многу дуели, знаеме што може да очекуваме. Нексе нема со што да не изненади, имаат ист состав. Ако ние одиграме најдобро што знаеме, победата нема да биде доведена во прашање“, вели Мишевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра утре во 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.