Еден од главните фаворити за титулата во Женската лига оваа сезона, Куманово, донесе уште една интернационалка во тимот.
Станува збор за голманката Катарина Митровиќ, младинска репрезентативка на Србија од генерацијата 2002.
Во Куманово доаѓа од тимот на Вождовац, а ќе биде замена за Катерина Косановиќ која не е повеќе дел од клубот.
Куманово претходно ги продолжи договорите со капитенот Александра Боризовска и десниот бек Бранкица Марковиќ.